Суперкомпјутерот ја прогнозираше новата сезона во Премиер лигата: Тотнем и Манчестер јунајтед повторно ќе разочараат

by Стефан
1 минути читање

До стартот на новата сезона во Премиер лигата остануваат уште десетина дена, а познатата аналитичка платформа „Опта“ преку својот суперкомпјутер веќе го направи своето предвидување за изгледот на конечната табела на крајот од сезоната.

Според симулациите, Ливерпул повторно ќе се искачи на врвот и ќе ја одбрани титулата што ја освои на импресивен начин минатата сезона. Во групата на најдобрите четири нема промени, според пресметките Арсенал повторно ќе биде вицешампион, Манчестер Сити трет, а Челси ќе го заокружи квартетот на врвот со четвртото место.

Првата нешто поголема промена суперкомпјутерот ја предвидува на петтата позиција, каде што, според пресметките, ќе заврши Астон вила, симнувајќи го Њукасл кој лани беше петти.

Лош пласман повторно се предвидува на Тотнем и Манчестер јунајтед. За двата гиганта се предвидува место во долниот дел од табелата, Спарс на 14. позиција, а „црвените ѓаволи“ на 12. место, далеку од местата кои водат во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×