Суперкомпјутер предвиде: Ливерпул првак, изненадување во ЛШ и катастрофа на Јунајтед во ПЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Суперкомпјутерот креира табела за тековната сезона во Премиер лигата и го предвиде исходот на табелата.

Шампион секако би бил Ливерпул кој има моментално 11 бода предност, а второпласиран се очекува да остане Арсенал. Трет е предвиден Манчестер Сити, додека изненадувачки на четвртото место е Борнмут. На европските места се Челси и Нотингем Форест, а под цртата е Њукасл Јунајтед.

Катастрофален пласман на 16. позиција му се предвидува на Манчестер Јунајтед, што е полошо од актуелното 15. место. До крајот на сезоната на „ѓаволите“ им се предвидени уште 13 бода и дури седум порази во преостанатите 12 меча.

Промени нема во екипите кои би испаднале и тоа со ист редослед се Лестер, Ипсвич и Саутемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×