Супер волеј на Донов во Ѓорче, Силекс запиша три бода! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Силеекс славеа победа со 2-1 во рамките од 14. коло на гости кај Македонија Ѓорче Петров.

Се што беше интересно во овој натпревар се случи во првото полувреме кога беа постигнати сите три гола, но според шансите можеше да видиме и некој гол повеќе.

Мартин Мирчевски по едно нафрлување го отвори резултатот во 15. минутата, а само десет минути подоцна Донов се погрижи и за 2-0, стрелаше со фантастичен гол со еден волеј удар.

Македонија Ѓорче Петров во игра се врати во 32. минута кога Христијан Пецов се погрижи за 2-1.

До крајот на првиот дел, Силекс испрати и уште некоја закан, но домаќините можеа да дојдат до израмнувањее.

Сепак, резултатот не се промени, па кратовичани ги освоија три бода со кои дојдоа до 28 на четвртото место на табелата. „Лавовите“ се осми со 14.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×