Супер талентот кој Ливерпул го „украде“ од Челси: Ќе ја освојам „Златната топка“!

by Стефан
1 минути читање

Tинејџерот на Ливерпул, Рио Нгумоха кој в петок ќе наполни 17 години има големи очекувања од својата кариера и верува дека еден ден ќе дојде до најпосакуваното индивидуално признание.

Имено, младиот фудбалер силно блесна во второто коло од Премиер лигата кога со својот гол во смата завршница обезбеди победа на „црвените“ во средбата против Њукасл од 3-2.

По овој натпревар не криеше да зборува за своите големи очекувања во иднина.

„Навистина верувам дека можам да ја освојам „Златната топка“ еден ден“, изјави талентираниот фудбалер.

Интересно е што Нгумоха кариерата ја започна во академијата на Челси, но минатата година одлучи да се приклучи во тимот до 18 години на Ливерпул, подоцна се приклучи и на генерацијата до 21 година, а сезонава е дел и од првиот тим.

Фото: Liverpool FC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×