Норвешкиот стратег Оле Гунар Солшер имаше фантастично деби на клупата на Бешикташ и тоа во Лигата на Европа каде што неговиот тим славеше со 4:1 над Атлетик Билбао.
Рашица по 17 минути го отвори резултатот, додека Билбао се врати во натпреварот во финишот од првиот дел кога погоди Гомез.
Besiktas’s first goal under Ole is pretty special.. pic.twitter.com/2tXQasEQhV
— Frank🧠🇵🇹 (fan) (@AmorimEra_) January 22, 2025
Второто полувреме во целост им припадна на домаќините кои постигнаа три гола и дојдоа до убедлива победа.
Рашица стрелаше уште еднаш, а по еден гол постигнаа Рафа Силва и Жоао Марио.
За Атлетик Билбао кој е второпласиран на табелата во Лигата на Европа ова беше и прв пораз сезонава во европските натпревари. Бешикташ од друга страна дојде до својата трета победа.