168
Судот за спортска арбитража донесе одлука за намалување на казната на Аријан Адеми од четири на две години суспензија. Македонскиот репрезентативец на теренот ќе се врати од 7. октомври 2017 година.
Во образложението се наведува дека жалбата на Адеми е уважена и казната е намалена од четири на две години бидејќи се работи за ненамерно користење на супстанцата „Станозолол“.
Адеми во игра се враќа на 7. октомври а ден претходно Македонија игра против Италија квалификациски натпревар. Тој нема да може да настапи на овој меч, но може да биде во комбинација за дуелот на 9. октомври против Лихтенштајн во Скопје.