Судот го прогласи Рубиалес за виновен во случајот со Хермосо

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес е прогласен за виновен во случајот со бакнежот кон шпанската репрезентативка, Џени Хермосо.

Рубиалес ќе мора да плати парична казна во изнод од 10.800 евра, а исто така доби забрана за доближување до Хермосо на помалку од 200 метри. Исто така нема да смее да има никаква комуникација со неа во период од една година.

Судот сепак го ослободи Рубиаалес и уште тројца членови на сојузот во обвинувањата дека се обиделе да влијаат на изјавата на Хермосо пред судот.

Првично се бараше казна од два ипол години затвор за Рубиаалес поради сексуален напад и пронуда, но на крајот Руибалес помина со помала казна.

Претходно Рубиалес заработи и суспензија од ФИФА и во наредните три години нема да смее да работи ништо поврзано со фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×