3,4K
Пресврт во случајот Дани Алвеш. Апелацискиот оддел на Судот на правдата на Каталонија го ослободи поранешниот бразилски играч од обвинението за сексуален напад за што беше осуден на четири и пол години затвор од Судот во Барселона.
Апелациониот оддел едногласно ја укина казната против играчот, поради недоволен број на докази.
Судот одлучи дека сведочењето на младата жена која го обвини играчот во декември 2022 е недоволно за да се потврди пресудата.
Дани Алвеш помина повеќе од една година во притвор по што беше пуштен да се брани од слободат откако плати кауција од еден милион евра.