Судискиот комитет ја објасни контроверзната одлука да се поништи голот на Левандовски

by bojan
2 минути читање
Левандовски

Судискиот комитет се огласи по контроверзната одлука да се поништи голот на Роберт Левандовски против Реал Сосиедад, уверува дека одлуката е исправна и објасни дека судиите во ВАР собата користеле додатни 10 камери кои не се наменети за преносите во живо.

Реал Сосисиедад вчера ја совлада Барселона со 1-0 во последниот натпревар од 13. коло во Ла Лига, но средбата помина во сенка на контроверзна одлука да се поништо голот на Роберт Левандовски за водство на „каталонците“ од 0-1.

Од снимките наменети за преносот во живо се добива впечаток дека Полјакот беше во регуларна позиција, односно дека неговото стапало е зад стапалото на Најеф Агерд.

Уште поголема забуна настана кога беше објавена 3Д симулацијата од ВАР системот, многумина сметаат дека технологијата го помешала телото на Левандовски со позицијата на телото на Агерд.

Сепак, Судискиот комитет уверува дека одлуката е исправна и Роберт Левандовски навистина бил во милиметарски офсајд.

Тие oбјаснуваат дека снимките биле убаво разгледани со додатни 10 камери, кои не се наменети за преносите за живот, и била потврдена недозволената состојба на Роберт Левандовски.

Во соопштението исто така се наведува дека системот „лови“ дури 29 точки од телото на фудбалерите и тоа до 50 пати во секунда, со цел да се пресмета точната позиција на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани