По утрешните полуфинални натпревари во Купот на Македонија(Вардар – Брера, Шкендија – Струга) во викендот кој следи не очекуваат натпреварите од 27. коло во ПМФЛ.
Сите натпревари ќе се играат в недела во терминот од 16:00 часот, а пред ова коло внимание привлече судирот на интереси на градските ривали.
Вардар и Работнички во исто коло треба да бидат домаќини и тоа кога двете екипи своите домашни натпревари ги играат на арената „Тодор Проески“, па мораше да се направи избор.
Ситуација се реши така што Работнички доби предност на арената, додека Вардар ќе го пречека Тиквеш на тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Работнички ќе игра против Струга.
Во останатите средби ќе се сретнат Гостивар и Шкупи кои ќе играат во Маџари, Пелистер во Битола ќе ја дочека Брера, Шкендија оди во Охрид кај Воска, додека Силекс во Кратово ќе биде фаворит со Беса.