Судијата Марчињак им се извинил на Португалците за спорниот момент со Србија

by
1 минути читање

При резултат 1-1, Рукавина играше со рака во својот шеснаесетник, судијата Марчинек покажа на белата точка, српските фудбалери бурно реагираа, па тој се консултираше со помошникот кој беше многу далеку од настанот. Судијата ја промени одлуката а Португалците останаа во шок. Повторените снимките покажаа дека било чист пенал.

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош откри дека судијата Марчињак го погледнал видеото и им се извинил, но тоа нив не ги задоволува.

„Тој ме покани во неговата соба за да го погледнеме инцидентот. Го погледнавме и немавме сомнежи, ниту јас ниту тој. Тој ми се извини“, вели Сантош.

„Но извинувањето не ми помогна. Никој кој е 40 метри далеку не може да каже дека не беше пенал, посебно кога судијата ќе го види тоа. Што да правам со извинувањето?“.

„На помошникот му кажав дека ова е негова вина“.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×