Судијата кој не виде дека топката едно метро е во гол ќе ја дели правдата на Ел Класико (ФОТО)

by
1 минути читање

Двата лути ривали
ќе ги одмерат силите на 23. април на Сантијаго Бернабеу, а Фудбалската
Федерација на Шпанија денеска соопшти дека судијата Алехандро Хосе Ернандез
Ернандез ќе ја дели правдата.

„Каталонците“ не
го паметат по добро 34 годишниот арбитар, откако тој драстично ги оштети оваа
сезона.

На дуелот против
Бетис на Виљамарин, кој заврши 1-1, Луис Суарез постигна гол, топката едно метро беше зад
линијата, но Ернандез Ернандез и неговите помошници не го забележаа тоа.

Па фановите на
Барса на социјалните мрежи сосема очекувано изразија незадоволство.

Ернандез Ернандез
ја делеше правдата на пресметка помеѓу Барселона и Реал Мадрид на Камп Ноу од
минатата сезона, натпревар кој „Кралевите“ го добија со 1-2.

Тогаш процени
дека Бејл го фаулирал Алба и му поништи гол на Велшанецот иако од повторените
снимки се виде дека левиот бек на Барса добро одглуми.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани