Поранешниот премиерлигашки судија Дејвид Кут, кој веќе беше исфрлен од фудбалот поради серија скандали, сега е зад притвори се соочува со тешки обвиненија поради кои може и подолго време да остане зад решетки.
Кут се најде во центарот на вниманието откако во јавноста протече видео на кое навредува поранешен тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, а дополнително беше обелоденето и дека користел наркотични средства.
Но, сега против него е поднесено обвинение дека на 2 јануари 2022 година снимал малолетник за време на сексуален однос. Според обвинението, станува збор за едно од најтешките кривични дела, поврзано со сексуално злоставување на деца од возрасни.
Кут ќе мора да се појави пред суд во Нотингем, при што првото рочиште е закажано за 11 септември.
„Дејвид Кут е обвинет на 13 август оваа година по истрагата на полицијата на основа на видео кое било вратено во телефонот во февруари. Тој во овој момент е во притвор и пред судот ќе се појави на 11 септември“, стои во соопштението од полицијата.
Фото: The FA/X