Судијата гледал погрешни снимки од контроверзниот момент на мечот Евертон-Јунајтед?! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Ешли Јанг

Поранешниот судија Марк Хелси вели дека судијата Ендрју Медли гледал погрешни снимки од контроверзниот момент на натпреварот помеѓу Евертон и Манчестер јунајтед кога во прв момент беше досуден пенал над Ешли Јанг, но одлуката беше преиначена со ВАР.

Натпреврот помеѓу Евертон и Манчестер јунајтед имаше контроверзна завршница, во 93. минута беше досуден пенал за домаќините откако Ешли Јанг падна во шеснаесетникот по еден дуел со Матајс де Лихт и Хари Мегваер, но одлуката беше преиначена откако судијата Ендрју Медли доби повик да ја прегледа целата ситуација со ВАР.

Поранешниот судија Марк Хелси го анализираше спорниот момент, и не само што смета дека ВАР немал право да интервенира, вели дека на Ендрју Медли му биле пуштени погрешни снимки.

„Одлуката да се поништи пеналот е погрешна. ВАР не требаше да се замеша бидејќи одлуката на судијата Ендрју Медли да досуди пенал не беше јасна и очигледна грешка. Ешли Јанг беше повлечен за дрес, и кога противникот го прави тоа во шеснаесетникот, си ја бара бељата“ – вели Хелси.

„Кога Медли се упати крај мониторот на совет од ВАР, му беше пуштена погрешна снимка. Премиерлигата на социјалните мрежи објави дека бил прегледан стартот на Хари Мегваер и немало прекршок. Но не го земаа во предвид тоа што Матајс де Лихт го повлече Ешли Јанг за дрес“.

„Доколку на Медли му беа прикажани снимките од зад голот, сето ова добро ќе се видеше“.

„Овој инцидент е голема срамота“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×