„Судијата беше многу храбар” – Гвардиола му честита на Медли за одлуката да го поништи голот од пенал на Марез

by
1 минути читање

„Граѓаните“
потешко од очекувањата славеа над Лестер и стигнаа до три важни бода во трката
за топ четири пласман.

Во центарот на
вниманието по крајот на натпреварот е Ријад Марез, „малерозниот“ Алжирец можеш
да изедначи на 2-2 и да му ги помати сметките на Манчестер Сити.

Фудбалерот на
Лестер се лизна при ударот од белата точка, со многу среќа ја затресе мрежата
на домаќините, но радоста му беше скратена од судијата Боби Медли.

Ријад Марез
топката ја закачи со двете нозе па му беше поништен погодокот.

Оваа недела
Гризман се извлече во слична ситуација во Лигата на шампионите, а пред некој
месец важеше и голот на Карлос Бака од Милан, но Боби Медли достојно ги почитуваше
правилата.

„Кога ја видов
реакцијата на Вили, веднаш сфатив дека се работи за допир со двете нозе
– рече Пеп Гвардиола по крајот на
натпреварот.

„Судијата беше
многу храбар. Не е нормално да се види нешто вакво, но знае да се случи
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани