Судија му спаси живот на фудбалер во Третата македонска лига (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Дарко Радески

На вчерашниот натпревар помеѓу Речица и Доброште во Третата лига била избегната голема трагедија, судијата Дарко Радески му го спасил животот на еден од домашните фудбалери.

Инцидентот се случи нал стартот од второто полувреме, кога еден играч на домаќините незгодно паднал на тревата по еден обид да ја исфрли топката со глава.

Судијата Дарко Радески забележа дека станува збор за опасна ситуација, па веднаш дотрча до играчот, го стави на страна и му го извади јазикот со цел да спречи гушење.

„Фала му на Господ што навремено забележав дека фудбалерот ја игуби свеста и што бев во негова близина за да му помогнам“ – вели Радески за Мнет Телевизија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани