5
В четврток екипата на Шкендија го игра претпоследниот натпревар во Конференциската лига на УЕФА.
УЕФА веќе ги одреди официјалните лица за натпреварот против Слован Братислава во Скопје. На центарот од теренот ќе застане судија од Исланд, од каде се и неговите помошници, додека во ВАР собата ќе бидат Шкотланѓани.
Главен судија ќе биде Ивар Ори Кристјансон, додека асистенти ќе му бидат Сугурдарсон и Сигурдсон, а четврти е Тораринсон. Во ВАР собата ќе работат Кленси и Ирвин.
Средбата се игра во терминот од 18:45 часот на арената „Тодор Проески“.