Судењето на дербито помеѓу Струга и Вардар не било добро – казнет и ВАР судијата кој постапил исправно!

by Стефан
2 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија денеска соопшти дека судењето на дуелот помеѓу Струга и Вардар во минатото коло било оценето како негативно.

Според соопштението главниот судија погрешил во неколку ситуации.

Имено, главниот судија Фуркан Идризи во 14. минута не досудил очигледен прекршок надвор од казнениот простор врз гостинскиот напаѓач, по што играта била продолжена со судиска топка.

Дополнително, во 43. минута пропуштен е јасен жолт картон за домашниот играч (бр. 17) поради преостар прекршок во пределот на лицето на противнички играч. Во 70. минута, пак, гостинскиот фудбалер (бр. 8) добил погрешен жолт картон за наводна симулација, иако во дуелот се здобил со повреда, по што беше и заменет.

Клучниот момент се случил во 80. минута, кога првиот помошен судија сигнализирал офсајд и бил поништен гол за домашната екипа. По ВАР-интервенција било утврдено дека погодокот е регуларен. Сепак, ВАР-комуникацијата била конфузна и предизвикала дополнителни реакции од играчите на теренот.

Дополнително, не било доследно применето правилото „само капитен“ при објаснување на спорните одлуки, а надополнувањето на изгубеното време од само три минути во второто полувреме било недоволно“, соопшти ФФМ.

Казна исто така има и за четвртиот судија.

Четвртиот судија Урошевиќ не ги исполнил своите должности и одговорности во целост и направил технички пропуст уште пред почетокот на натпреварот, дозволувајќи несогласување помеѓу внесените броеви во записникот и бројот на дрес на еден играч, нешто што е крајно несериозно и недозволиво не само за овој, туку за кој било ранг на натпревари“, се додава во реакцијата.

Негативно бил оценет и судијата Стојанче Стојанов иако неговата одлука била исправна, тој е казнет за нејасна комуникација.

Стојанов Стојанче, кој ја извршувал должноста на ВАР-судија, исто така е негативно оценет. Иако неговиот конечен совет за фактичката одлука , со која беше потврден регуларниот гол за домашната екипа, бил правилен, сепак конфузната и нејасна комуникација при спроведувањето на ВАР-протоколот во клучна ситуација мора целосно да биде во согласност со пропишаниот протокол и ПФИ“, истакнуваат од ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×