Судбина: Во првиот меч од ЛШ како тренер на Бенфика, Мурињо се враќа на Стемфорд Бриџ!

by riste
1 минути читање

Доаѓањето на Жозе Мурињо во Бенфика е игра со судбината по неколку основи, а една од нив е и враќањето на Стемфорд Бриџ.

Жозе Мурињо пред 25 години на 20 септември беше назначен за тренер на Бенфика, тога беше негово деби како самостоен стратег на некој тим.

25 години подоцна, на истиот датум ќе дебитира по вторпат на клупата на Бенфика кога во сабота ќе почне мечот против Авес во рамките на португалското првенство.

Мурињо се враќа во Лигата на шампионите, а судбината и таму замеша прсти.

Првиот натпревар со Бенфика во Лигата на шампионите ќе го игра на Стемфорд Бриџ против Челси, сините се еден од најзначајните клубови во неговата кариера.

Тој меч е на 30 септември, а лигашкиот дел ќе го заврши против друг негов поранешен клуб, на 28 јануари во Лисабон игра против Реал Мадрид.

Меѓу овие два натпревари Бенфика во Лигата на шампионите ќе игра и со Њукасл, Баер Леверкузен, Ајакс, Наполи и Јувентус.

Португалскиот тим има исклучително тежок натпревар, па мисијата да се влезе во нокаут фазата ќе биде ептен тешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×