Суарез се извини за плукањето: Направив грешка, се чувствувам лошо за тоа што се случи!

by riste
1 минути читање

Во финалето од Лига Купот, Интер Мајами со 3-0 беше поразен од Сиетл, но она што остана од тој натпревар е инцидентот на Луис Суарез со еден член на стручниот штаб на противникот.

Суарез го плукна човекот, а сега стигна и извинување од Уругваецот.

„Сакам да се извинам за моето однесување. Тоа беше момент на многу тензија и фрустрација во кои се случија и работи кои не требаше да се случат, но тоа не ја оправдува мојата реакција.

Направив грешка, и навистина жалам за тоа.

Ова не е слика која сакам да ја прикажам. Ниту на мојата фамилија, ниту на клубот, тие не заслужуваат да бидат дел од тоа.

Се чувствувам лошо за тоа што се случи, ја признавам грешката и се извинувам“, изјави Суарез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×