„Кралевите“
славеа со 1-3 над Барселона во неделата, но се жалат дека делителот на правдата Де Бургос ги
оштетил, особено при ситуацијата на Кристијано Роналдо кој доби пет натпревари
суспензија за црвениот картон и тоа што го турна судијата.
Но во фокусот
сега одново е Луис Суарез, кој беше обвинет дека го одглумил пеналот кој го реализираше Лео Меси.
Напаѓачт често беше во „војна“ со Серхио Рамос и камерите го уловија како во два наврати го удри играчот на Реал.
Шпанецот најпрво доби еден дуел на работ од шеснаесетникот а
Уругваецот откако ја загуби топката го клоцна противникот.
Слична беше ситуацијата и при еден нивен дуел на средината од теренот. Рамос
одлично се постави со рамо и совои една топка, а Луис Суарез во паѓање одново
го удри.
Па фановите на
Реал се чудат како напаѓачот не влегол во бележникот на судијата и прашуваат дали
треба да добие казна со прегледување на повторените снимки, практика која се
применува во Премиерлигата.