Суарез го однесе Уругвај во осминафинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Уругвај ја забележа и втората победа на Светското првенство и оваа беше минимална со 1-0 идентично како и онаа против Египет.

Уругвајците не импресионираа, но се чини дека откако поведоа со 1-0 играа колку да го одржат водството не атакувајќи кон зголемување на предноста.

Клучниот момент се случи во 23. минута кога по еден корнер голманот на Саудиска Арабија киксираше, топката дојде до Суарез кој беше проблем ја смести во мрежата за водство на Уругвај од 1-0.

Во продолжението Саудиска Арабија јалово се обидуваше да дојде до изедначување, тешко успеваше да создава шанси, Уругвај го имаше мечот под контрола.

Во финишот од натпреварот Уругвај преку Кавани имаше убава можност и за зголемување на водството но овој пат голманот на Саудиска Арабија беше сигурен.

Со оваа победа Уругвај обезбеди место во осминафиналето, а го завери и пласманот на Русија во следната фаза, Саудиска Арабија и Египет испаднаа.

Во следното коло Уругвај со Русија ќе се бори за првото место во групата, а Саудиска Арабија против Египет за избегнување на дното.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани