Германскиот чувар на мрежата Марк Андре Тер Штеген влезе во отворена „војна“ со својот клуб откако одби да го потпише медицинскиот извештај за Брселона за каталонскиот гигант да може 80% од неговата плата дакористи за регистрација на новите засилувањаа.
Поради ваквата постапка, Барселона веднаш започна и дисциплинска постапка против голманот која може да доведе и со санкции, па и парична казна.
Односот помеѓу двете страни е нарушен уште од од почетокот на летото бидејќи голманот одбива да биде продаден и останува во Барселона каде што и покрај високите примања најверојатно би бил трет голман.
Според пишувањето на шпанските медуми, прв избор на Флик сезонава треба да биде Жоан Гарсија, а негова замена Војчех Шчесни.
Од друга страна Лапорта по ваквиот потег на Тер Штеген ќе мора да пронајде друг начин за регистрација и на Маркус Рашфорд кој може да се соочи со слична ситуација како Дани Олмо на почетокот на минатата сезона.