186
Екипата на Струга промовира уште едно ново име за сезоната која започна викендов во ПМФЛ.
Нов член на стружани е Алтин Алији, младиот 18-годишен фудбалер кој веќе има завидно искуство во мак-фудбалот. Во редовите на Струга тој доаѓа од косовски Балкани. Претходно тој беше дел од Македонија Ѓорче Петров, тим со кој се промовираше во елитата.
Дебито за „лавовите“ Алији го имаше на само 16 години, а во ПМФЛ одигра вкупно 32 натпревари и даде два гола.
Сега тој ќе биде ново име во поранешниот првак на Македонија во таборот на тренерот Шкемби.