Струга позајми четири фудбалери, три во ВМФЛ и еден во ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Струга Трим Лум направи неколку кадровски потези пред продолжението на сезоната и одлучи четворица фудбалери да ги отстапи на позајмица во рамките на македонскиот шампионат.

Клубот од Струга ќе ги испрати Јусуф Каба и Хадис Таири во Шкендија Арачиново, каде двајцата ќе настапуваат во наредните шест месеци со цел да добијат поголема минутажа и натпреварувачки ритам.

Веби Ислами повторно ќе го носи дресот на Кожув, откако со овој клуб остави добар впечаток во првиот дел од сезоната во Втората лига и сега ќе продолжи во истата средина и во елитното друштво.

Кире Ристевски, кој во изминатиот период беше позајмен во Македонија ЃП, ја менува средината и во пролетниот дел ќе настапува за Пелистер. За искусниот дефанзивец ова ќе биде враќање во Битола, неговиот роден град, а бидејќи на лето му истекува договорот тој заврши со Струга.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×