Фудбалерите на Струга во првиот натпревар од третото коло коло славеа победа на свој терен против Работнички 2-0.
Во првото полувреме речиси и да не видовме некоја посериозна прилика се до самата завршница.
Домашниот тим во судиското продолжение од првиот дел доби пенал, а реализатор на најстрогата казна беше напаѓачот од Буркина Фасо, Компаоре.
Второто полувреме донесе по некоја прилика и на двете страни, гостите од Дебар Маало имаа голема шанса кога на десетина минути пред крајот Хоџа ја погоди стативата. Претходно и се затресе мрежата на Италијанецот, Ангелети и тоа по негова грешка кога при исфрлање го погоди напаѓачот на Работнички, а топката заврши во мрежата, но тој гол беше оправдано поништен поради игра со рака.
Кога ги пропуштија своите прилики, стигна и кзната во самата завшница кога Малески ги постави конечните 2-0.
За Работнички ова е веќе втор пораз од стартот од сезоната, додека Струга останува перфектна со трет триумф во исто толку натпревари.