Струга може да жали, Шкендија преку пенали до полуфинале! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Шкендија е последниот полуфиналист во Купот на Македонија откако по подобро изведување на пенали ја елиминираше Струга, мечот во регуларниот тек беше 2-2.

Струга беше на работ на победа, водеше со 2-1, остануваа уште секунди пред судијата да означи крај, но тогаш Фетаи го изедначи резултатот на 2-2 и ја спаси Шкендија од пораз.

Претходно, стружани рано го отворија мечот, Радески погоди во 13. минута за водство од 1-0.

Домаќините ја чуваа предноста до 74. минута кога Бесарт Ибраими го изедначи резултатот на 1-1.

Но, осум минути подоцна Хамза постигна прекрасен гол од слободен удар за ново водство на Струга, овојпат од 2-1. Но, Фетаи ги расплака стружани со гол пред последниот судиски свиреж.

Во пенал серијата Шкендија ги даде сите пет пенали, а Струга промаши еднаш кога Јефтовски биеше над голот.

Во полуфиналето Шкендија ќе игра против Шкендија од Арачиново, а Силекс ќе се сретне со Охрид.

Пенал серија:

Струга: Компаорe – гол
Шкендија: Ибраими – гол
Струга: Хамза – гол
Шкендија: Красниќи – гол
Струга: Јефтовски – промашува (над гол)
Шкендија: Љатифи – гол
Струга: Малески – гол
Шкендија: Трумчи – гол
Струга: Бојку – гол
Шкендија: Спахиу – гол

Можно е и ова да ти се допаѓа

×