202
Актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Љум го врати Ведран Ќосевски во своите редови, голманот стави потпис на договор со трајност до 2027 година.
Струга има старо-ново име помеѓу стативите, денеска ја официјализираше соработката со Ведран Ќосевски.
Голманот од БиХ беше стандарден во сезоната 2023/24, но двете страни изминатово лето не можеа да најдат заеднички јазик и решија да се разделат.
Сепак, три месеци подоцна се пишманија и си подадоа рака за нов договор до јуни 2027 година.