Денеска започнува новото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Струга го пречекува Пелистер.
Тренерот на Пелистер, Срѓан Захариевски второ коло по ред игра против свој поранешен клуб, по мечот со Вардар, на ред е Струга.
Битолскиот тим загуби од Вардар, па целта денеска е да не се остане без бодови и против актуелниот шампион кој не е на нивото од минатата сезона.
Струга неодамна ја совлада Шкендија на свој терен со 3-0, па ја победи и Воска, но следуваше пораз од Беса и реми на свој терен со Шкупи. Формата на стружани е променлива, а таква е и на Пелистер.
Во последните шест кола, Пелистер еден меч победува, а следниот го губи, тие не би имале ништо против да продолжат во таквата динамика, но да се земат сите три бода од Струга, ќе биде тешко.
Бодовната разлика меѓу овие два тима е десет. Струга е на петтата позиција со 39 бодови, Пелистер е седми со 29.
Оваа сезона одиграа два меѓусебни дуели, мечот во Струга го добија домаќините со 1-0, дуелот во Битола заврши нерешено, 1-1.
ПМФЛ 26. коло 15 часот:
Денеска
Струга – Пелистер
Утре
Брера – Вардар
Беса – Гостивар
Шкупи – Работнички
Тиквеш – Шкендија
Воска – Силекс
Табела: Шкендија 53, Силекс 49, Работнички 48, Гостивар 44, Струга 39, Шкупи 32, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 22, Воска 22, Брера 21, Беса 21.