Струга го победи Пелистер во пријателски меч одигран во Битола

by riste
0 минути читање

Струга Триум Лум со 3-1 славеше над Пелистер во контролен натпревар кој се одигра на стадионот во Битола.

Струга поведе со гол на Радески на самиот почеток од мечот, а Зенку зголеми на 2-0.

Пелистер погоди преку својот капитен Мирко Ивановски во 29. минута намалувајќи на 2-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

Во финишот од мечот Струга даде и трет гол кој беше дело на Османи за конечна нивна победа од 3-1.

Фото: ФК Пелистер

Можно е и ова да ти се допаѓа

×