Во единствениот натпревар денеска од Првата лига екипата на Струга славеше победа од 2-0 на гостувањето кај Пелистер во Битола.
Натпреварот доцнеше половина час, а на теренот видовме голема борба со по неколку прилики на двете страни. Резултатот беше отворен во финишот од првиот дел кога искусниот Марјан Радески најдобро се снајде во шеснаесетникот и погоди со глава за 1-0.
Слична беше сликата и во вториот дел, Пелистер не се откажуваше успеа и да ја погоди мрежата, меѓутоа тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Стружани победата ја потврдија во самиот финиш кога Шабани погоди во 87-та минута.
За Струга ова беше 16-та победа сезонава со која дојдоа до 53 бода, важно за нив е и што по подолго време успеаа да врзат три триумфи. Пелистер од друга страна останува 10-ти со ист број на бодови како и Работнички кој е претпоследен.