Струга ги доби „лавовите“, Арсими дебитираше во ПМФЛ со реми во Кумново

by Стефан
1 минути читање

По вчерашните победи на Вардар и Шкендија денеска продолжија возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига, а во двете средби видовме победа на Струга и реми во Куманово.

Струга на свој терен успеа да ја оправда фаворитската улога против повратникот во најсилната конкуренција, Македонија Ѓорче Петров славејќ со 2-0.

Натпреварот започна тврдо, со малку шанси и најчесто се играше на средината од теренот. Од првата посериозна прилика се затресе мрежата на гостите, но тој гол на Компаоре  во 45 минута беше поништен по реакцијан ВАР поради игра со рака. Сепак, само некој минута подоцна домаќините стигна до водство, стрелаше дефанзивецот Maудо.

Во вториот дел на теренот гледавме слична слика во која беше постигнат уште еден гол и тоа преку Компаоре во 75. минута за конечни 2-0.

Арсими во својот дебитантски натпревар во ПМФЛ одигра реми во Куманово протв Македонија Ѓорче Петров со 1-1. Арсими и прв стигна до водство со голот на Бесагиќ од слободен удар во 30. минута. Претходно на овој натпревар ја видовме и првата ВАР проверка во Македонија, која му претходеше на голот на гостите. Имено, судијата прво досуди пенал, но по реакција на ВАР се донесе одлука за слободен удар, меѓутоа ниту тоа не беше проблем за Бесагиќ да реалзира.

Башкими до бод стигна со голот во 62. минута на Марко Симоновски за кого ова е прв погодок во дресот на кумановскиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×