Струга фаворит против мотивираната Брера во Струмица

by 24 фудбал
1 минути читање

Брера Струмица ќе го дочека фаворитот Струга Трим Лум во натпревар од 21 коло на Првата македонска фудбалска лига.

Пред оваа средба тренерот на струмичкиот тим Мартин Алаѓозовски гледа со оптимизам. Тој смета дека веќе Брера еднаш докажала дека може да се носи со овој ривал, па така очекува да биде и сега.

Се надеваме дека го фативме вистинскиот ритам. Првенството влегува во забрзана фаза и сега веднаш мораме да се фокусираме на следниот противник. Струга Трим Лум е одличен тим, тоа е јасно, но и на првиот меч оваа сезона покажавме дека можеме да се надигруваме. Ќе го дадеме максимумот и се надеваме на позитивен резултат“, изјави Алаѓозовски.

Од друга страна, фаворитската улога ја прифати Арби Воша. Офанзивецот на Струга нагласи дека овој тим секогаш оди на победа.

Нè очекува тежок натпревар против многу незгоден противник. АП Брера е квалитетна екипа, со многу млади играчи кои сакаат да се докажуваат на секој меч. Знаеме дека ќе биде тешко, но ние сме Струга и на секој натпревар играме на победа. Така ќе биде и денеска, и силно верувам дека од ова гостување ќе се вратиме со три бода. Го анализиравме ривалот, станува збор за тежок противник, а плус тие играат на домашен терен. Сепак, како што нагласив, нас нè интересираат само трите бода“, изјави Воша.

Натпреварот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица се игра во терминот од 14:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×