Струга е во криза: Остана без победа и во Битола

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Пелистер освои значаен бод во трката за опстанок, откако на домашен терен одигра 1-1 против фаворизираната Струга Трим Лум.

Струга повторно не блесна во пролетниот дел од сезоната. По поразите од Шкендија и Силекс, останаа без победа и на третиот натпревар.

Гостите први го отворија резултатот, постигнувајќи гол по половина час игра, што беше и единствениот погодок во првото полувреме. Сепак, Пелистер не се предаде. И покрај резултатската негатива, домаќините продолжија со иницијатива, а на дваесетина минути пред крајот Булатовиќ погоди за израмнување и голем бод за својот тим.

Ова реми му одговара и на Вардар, кој сега има девет бода предност на врвот во однос на Струга. Шкендија, пак, има можност да се искачи на второто место со евентуална победа и да создаде предност од три бода во однос на стружани, но тетовци ги очекува тежок предизвик, дерби пресметката со Силекс која се игра утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×