Струга е есенски шампион, победи и за Шкупи и Шкендија

by
2 минути читање

Струга Трим Лум со 1-0 ја совлада екипата на Академија Пандев, стрелец на голот беше Илиески во 69. минута од натпреварот.

Шкендија со 3-1 победи на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Љупче Дориев одигра одличен меч, постигна два гола, погоди во 19. и 84. минута.

За Шкендија стрелец беше и Хасани, а единствениот гол за Македонија Ѓорче Петров беше дело на Скендери.

Шкупи со 3-1 ја победи Брегалница. Штипскиот тим поведе со 1-0 со гол на Херера, но потоа погодија Алварез, Трпановски и Георгиев за победа на чаирскиот тим.

До триумф дојде и Силекс кој со 2-0 славеше на гостувањето кај Тиквеш. Обрадовиќ и Ристовски беа стрелци на головите.

Немаше погодоци на мечот меѓу Победа и Скопје.

Слободна ова коло беше екипата на Работнички.

ПРВА ЛИГА, 17-ТО КОЛО 

Македонија ЃП – Шкендија 1-3 (0-1)

Скендери 53 – Дориев 19, 84 Хасани 51

Победа – Скопје 0-0

Шкупи – Брегалница 3-1 (1-1)

Херера 22 – Алварез 36, Трапановски 52, Георгиев 83

Струга Трим Лум – Академија Пандев 1-0 (0-0)

Илиески 69

Тиквеш – Силекс 0-2 (0-0)

Обадовиќ 72, Ристовски 81

Слободен е Работнички

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 36 (16), Шкупи 31 (15), Шкендија 28 (16), Силекс 26 (16), Тиквеш 23 (16), Брегалница 20 (15), Работнички 18 (15), Македонија ЃП 17 (15), А. Пандев 12 (16), Победа 12 (15), Скопје 10 (15). 

* во заграда се бројот на одиграни мечеви

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани