334
Македонските клубови се подготвуваат за втората полусезона во ПМФЛ.
На пријателските натпревари шампионот Струга славеше против екипата на Корона од Полска со 1-0 (0-0). Стрелец на единствениот гол беше Шабан Зенку во 90. минута од мечот.
Ефикасно реми одигра екипата на Силекс против Нефчи Фаргона од Узбекистан (2-2). Домашниот тим поведе со голот на Јововиќ, а потоа Дарко Додев израмни. Во вториот дел Силекс од пенал направи пресврт, а потоа Марушиќ за противникот исто така од белата точка стрела за нерешено.
Убедлив пораз претрпе амбициозниот Гостивар од екипата на Словачко (0-4). За чешкиот тим двапати стрелаше Клима, а по еднаш Хофман и Крменчик.