Стерлинг може да заврши во Италија и да се бори за Скудето!

by Стефан
1 минути читање

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси. Причината е јасна, оваа сезона нема место во тимот, а ситуацијата нема да се промени ниту со доаѓањето на новиот тренер.

Интерес за него постоеше за позајмица до крајот на сезоната, пред сè од Вест Хем и Фулам, но Стерлинг ги одби тие опции, бидејќи неговата желба е траен трансфер, а не привремено решение.

Неговиот примарен план е да остане во Лондон, но доколку пристигне соодветна понуда, подготвен е да ја напушти и Англија. Токму таква можност би можела да дојде од Италија, поточно од Наполи.

Како што јавува „Кориере“, Наполи е сериозно заинтересиран да го доведе Стерлинг во своите редови, со цел дополнително да ја засили екипата во борбата за титулата во Серија А. Тимот предводен од Антонио Конте во блиското минато веќе повлече неколку одлични потези со доведување фудбалери од Премиер лигата, како Ангиса, Хојлунд и Мектоминеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×