Стрелецот на еден од најспектакуларните голови во историјата на Премиер лигата се пресели на Тајланд (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот англиски репрезентативец Андрос Таусенд ќе ја продолжи својата фудбалска кариера во далечниот Тајланд, каде што потпиша договор со клубот Канчанбури Пауер, тим што ќе биде негов 16-ти во досегашната кариера.

Таусенд на Островот посебно ќе остане запаметен по прекрасниот гол со волеј што го постигна против Манчестер сити во сезоната 2018/2019 носејќи го дресот на Кристал палас. Сега, нов предизвик за 33-годишниот офанзивец ќе биде Тајланд, каде ќе ги брани боите на клубот кој е формиран пред само осум години, а сезонава за првпат ќе настапува во елитната лига на оваа земја.

Токму поради тоа, од Канчанбури одлучиле амбициозно да се засилат и да донесат звучно име со богато искуство. Таусенд, во својата репрезентативна кариера, запиша и 13 настапи за „Гордиот Албион“ во кои постигна три гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×