По воведните мечеви од Лигата на шампионите, вечерва на програмата беше и првото коло од Лига Европа. Стрелците беа расположени, па мрежите се тресеа насите 24 натпревари.
Гигантите по планот и покрај тоа што тешко се мотивираат на стартот од најмасовното европско натпреварување. Манчестер јунајтед со мешан состав славеше со минимални 1-0 против Астана со голот на Гринвуд.
Рома иако не беше премногу заинтересирана за надигрување, ја наполни мрежата на Башакшехир и славеше со 4-0. Севиља со 0-3 победи кај Карабах, а со ист резултат и Арсенал триумфираше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.
Имаше и неколку изненадувања, Дуделанж со 3-4 победи кај АПОЕЛ, Лудогорец со чуден пресврт ја совлада ЦСКА Москва со 5-1 откако на пауза губеше со 0-1, а Волфзбергер ја шокираше Борусија Менхенгладбах со 0-4.
Група А
АПОЕЛ – Дуделанж 3:4
Карабак – Севиља 0:3
Група Б
Динамо Киев – Малме 1:0
ФК Копенхаген – Лугано 1:0
Група Ц
Базел – Краснодар 5:0
Хетафе – Трабзонспор 1:0
Група Д
ЛАСК – Розенборг 1:0
ПСВ Ајндховен – Спортинг 3:2
Група Е
Клуж – Лацио 2:1
Рен – Селтик 1:1
Група Ф
Ајнтрахт Франкфурт – Арсенал 0:3
Стандард – Гимараеш 2:0
Група Г
Порто – Јанг Бојс 2:1
Лудогорец – ЦСКА Москва 5:1
Група И
Гент – Сент Етјен 3:2
Волфсбург – Олександрија 3:1
Група Ј
Борусија Менхенгладбах – Волфсбергер 0:4
Рома – Башакшехир 4:0
Група К
Слован – Бешикташ 4:2
Волвс – Брага 0:1
Група Л
Манчестер јунајтед – Астана 1:0
Партизан – АЗ Алкмар 2:2