Стравувањата се потврдија, Тотенхем на мегдан со Јунајтед без најдобриот играч

by
1 минути читање

Првиот играч на
Тотенхем го реши Ливерпул со два погодока минатиот викенд, но кон финишот на
мечот се пожали на болки во мускулот и мораше да биде заменет.

Хари Кејн го
пропушти дуелот во средата против Вест Хем во Лига Купот, а сега ќе го
прескокне и дербито со Манчестер јунајтед на Олд Трафорд.

Зборувајќи на
денешната прес конференција, Маурисио Покетино рече: „За утрешниот дуел нема да
ризикуваме. Се работи за минамална повреда на задната ложа, но нема да
ризикуваме
.

Ќе видиме дали
ќе има шанси за мечот со Реал Мадрид во среда, но за утре е невозможно Кејн да
настапи
.

Отсуството на
Хари Кејн ќе биде голем хендикеп за Тотенхем, Англичанецот игра во страшна
голгетерска форма, има осум погодоци на девет настапи во Премиерлигата, односно
13 гола на 12 средби во сите натпреварувања.

„Неговото
отсуство е голем проблем, секогаш сакате да ги имате сите играчи на
располагање, особено најдобрите
– додаде менаџерот на „Спарси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×