Страв од летање? Нема проблем, ќе патувам 2.400 километри со автомобил!

by 24 фудбал
0 минути читање

Дефанзивецот на Нант, Фабиен Сентонз, одбил да патува со авион на гостувањето кај Монако поради страв од летање. Наместо со остатокот од тимот, Сентонз седнал зад воланот и поминал околу 2.400 километри за 22 часа само за да стигне навреме на натпреварот.

Нант го загуби дуелот со 3-1, но единствениот погодок за „канаринците“ го постигна токму Сентонз, кој по маратонското патување сепак најде сили да се запише во листата на стрелците.

Ова беше најдалечното гостување за Нант оваа сезона во Франција, а приказната на Центонз е доста интересна бидејќи е професионален фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×