Фудбалерите на Саудиска Арабија денеска имаа многу полошо искуство отколку поразот од Русија во првото коло. Авионот на „Рашн Ерлајнс“ со кои патуваа имаше инцидент при слетувањето откако се запали еден од моторите.
„Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сака да ги извести сите дека сите играчи на Саудискиот национален тим се безбедни по техничкиот проблем на еден од моторите на авионот со кој штотуку слетавме на аеродромот во Ростов Дон, сега тие одат безбедно кон нивната резиденција“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија.
Од инцидентот се појави и видео снимено од некој од патниците на кое се гледаат пламени јазици под крилото на Ербасот А319-100.
PASSENGER FOOTAGE: Watch #KSA plane engine catching fire as they land in Rostov-on-Don for their #WorldCup matchday 2 game against #URU . pic.twitter.com/Yq3QQ1MtZ1
— Ahdaaf (@ahdaafme) June 18, 2018