Непријатна сцена видовме на натпреварот меѓу Струга и Тиквеш во рамките на 27. коло од Првата лига, во која сериозно можеше да настрада фудбалерот Папе Фал.
Играчот на домашниот состав незгодно падна по еден дуел со противнички фудбалер нешто пред истекот на еден час игра, а сцената делуваше навистина загрижувачки. Иако првично успеа да стане и да го продолжи натпреварот, набрзо повторно загуби свест, па мораше да интервенира и возилото на брзата помош со кое беше пренесен во болница.
Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за неговата состојба.