41
Атлетико Мадрид со 0-3 славеше на гостувањето кај Жирона, натпревар во кој голманот Јан Облак се истакна со една страшна одбрана.
Атлетико Мадрид со три бода и сигурна победа од 0-3 се враќа од гостувањето кај Жирона, но резултатот можеше да биде поинаков доколку на голот не беше Јан Облак.
Во 23. минута од мечот, при резултат 0-1, голманот имаше страшна одбрана и со една рака на гол линијата спречи еден силен шут, и не дозволи домаќините да изедначат на 1-1.
JAN OBLAK 🤯
— Atlético de Madrid (@atletienglish) December 21, 2025
WHAT. A. SAVE. 😤#LALIGAHighlights pic.twitter.com/tckbJ2Aswf
Во продолжението од мечот, Галагер зголеми на 0-2, а Гризман во финишот ги постави конечните 0-3, за успешен крај на годината.