Страшна несреќа го погоди Перу: Се урна ѕид на стадионот, еден загина и најмалку 47 се повредени (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Страшна несреќа го потресе Перу утрово, откако во главниот град Лима се урна дел од ѕид на стадионот „Алехандро Виљануева“. Според првичните информации од локалните медиуми, најмалку едно лице загина, а најмалку 47 се повредени.

Од Министерството за здравство информираат дека станува збор за уривање на дел од структурата во трибинскиот простор, додека причините за инцидентот сè уште се утврдуваат.

Трагедијата се случила за време на собирот на навивачите во пресрет на католичкиот Велигден, кој бил организиран како вовед во претстојниот натпревар меѓу Алијанса Лима и Универзитарио.

Иако првично се шпекулираше дека дел од трибината се урнал, пожарникарите од терен ги демантираа тие информации. Во меѓувреме, дел од медиумите јавуваат дека настанот му претходел судир меѓу навивачки групи, по што избила паника и настанало стампедо во кое повеќе лица биле повредени.

Поради сериозноста на ситуацијата, здравствените установи во Лима прогласија вонредна состојба за да обезбедат навремено згрижување на сите повредени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×