72
Барселона се врати на врвот на табелата во Ла Лига, момците на Ханси Флик славеа со 3-0 против Овиедо.
По подолго време, Реал Мадрид синоќа ја симна Барселона од лидерската позиција, но „каталонците“ не дозволија нов кикс и веднаш се вратија на врвот.
Момците на Ханси Флик вечера беа сигурни против Овиедо и славеа со 3-0.
По едно прилично мирно прво полувреме, Олмо погоди за 1-0 на стартот од вториот дел, а Рафиња пет минути подоцна зголеми на 2-0.
Точка на натпреварот стави Ламин Јамал, младата ѕвезда закачи страшен волеј во 73. минута и ги постави конечните 3-0.
ФОТО: X/FC Barcelona