Страшен судир во Турција: Голманот со брза помош изнесен од терен, играчот мораше да биде заменет (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Средбата од третото коло во турскиот Куп меѓу Галатасарај и Истанбулспор, одиграна во Истанбул, ќе остане запаметена по немил настан, а не по фудбалската содржина на теренот.

Домашниот тим по првите 45 минути имаше предност од 3-1 и се чинеше дека натпреварот ќе продолжи во мирен ритам, но само неколку минути по стартот на второто полувреме дојде до сериозен судир кој ја замолкна целата арена.

Во дуел се најдоа Иса Доган и Ахмед Кутуџу, а во прв момент изгледаше дека Кутуџу го извлече подебелиот крај. Неговите соиграчи веднаш реагираа и му пружија помош, по што тој успеа сам да го напушти теренот. Ситуацијата беше далеку посериозна кај Доган, кој остана да лежи на тревата и по укажаната прва помош беше изнесен на носилки, а потоа и пренесен со возило на Итната медицинска помош.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×