Сараево прокоцка водство од 3-0 против Радник Бјелина, мечот заврши 4-4, а македонските фудбалери имаа фантастичен ден.
Резултатот го отвори Агон Елези со гол во 16. минута, Сараево поведе со 1-0, тоа беше резултат на полувремето.
По седум минути игра во второто полувреме Елези постигна уште поубав гол за водство на Сараево од 2-0.
Четири минути подоцна Ристовски даде фантастичен погодок со силен удар од далечина за 3-0.
Но тоа не беше доволно за победа, напротив, малку фалеше Сараево и да го загуби мечот. Радник Бјелина комплетно го сврте резултатот и поведе со 4-3. Сепак домаќините со гол во 87. минута дојдоа до 4-4.
Цел меч за Радник Бјелина одигра македонскиот фудбалер Константин Чешмеџиев.