Страшен гол на Валенсија, Јунајтед со 4-0 славеше над Евертон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот натпревар од петтото коло во Премиерлигата, Вејн Руни се врати на Олд Трафорд откако минатиот месец го напушти Манчестер јунајтед за одново да го облече дресот на Евертон.

Напаѓачот доби овации од публиката, но на крајот немаше многу причини за радост, домаќините славеа со 4-0.

Резултатот го отвори Валенсијa во 4. минута. Фудбалерот од Еквадор со прекрасен полу-волеј од работ на шеснаесетникот донесе 1-0.

Евертон потоа имаше неколку шанси за изедначување, и откако гостите не ја затресоа мрежата на Де Геа, целосно се распаднаа во финишот.

Најпрво Мхитарјан погоди во 83. минута и ги реши сите дилеми околу победникот, а потоа во листата на стрелците се запиша и Лукаку, кој постигна гол против својот поранешен клуб.

Точка на натпреварот стави Марсијал со удар од белата точка во 92. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани