ЦР7 има освоено еден
куп трофеи, тој е првиот играч кој станал шампион во Премиерлигата, Ла Лига и
Серија А. Триумфираше во Лигата на шампионите и со Манчестер јунајтед и со Реал
Мадрид, но еден успех е најважен, триумфот со Португалија на Европското
првенство во 2016.
Финалето започна
кошмарно за Кристијано Роналдо, напаѓачот се повреди на стартот од мечот и мораше
од клупата да дели совети и да ги бодри своите соиграчи наместо да командува
на теренот.
„Титулата од
Европското првенство со Португалија ми е најдрагиот трофеј кој го имам освоено.
Тоа беше неверојатна и незаборавна вечер. Страдав, плачев, се смеев и на крај се
опијанив! Плачев толку многу што дехидрирав. Кога прославувавме, се напив една
чаша шампањ и веднаш ме удри во глава. Ретко пијам, но тој ден беше толку многу специјален
што морав да пијам, го освоив најважниот трофеј“ – вели Кристијано Роналдо во
инервјуто со Дилета Леота за ДАЗН.